Геолошка соработка, Чешка...

Во период од 02.04.2023 до 07.04.2023 година на покана на Министерство за индустрија и трговија на Република Чешка Геолошки завод преку своите претставници Директорот Д-р Науаф Баара и Бојан Тасевски, виш соработник за геоинформатика и систем инжињер, присуствуваа во Прага Република Чешка. Целото Патување беше организирано од страна на Амбасадата на Републка Чешка во Република Северна Македонија. За време на посетата колегите од Чешка организираа теренски активнкости прекуи посета на рудници за јаглен во Република Чешка како и производствени погони за машини и опрема кои се употребуваат за прерабока на различни минерални суровини. Исто така имавме и посета на термоелектраната Тушемице заедно со рудникот за јаглен кој ја опслужува термоелектраната. Во четврток на 06.04.2023 година во Просториите на Министерството за индустрија и рударство на Чешка во Прага имавме работен состанот со претсватници од министерството како и директорот на Геолошкиот завод на Чешка. На состанокот се разменија мислења и идеи како да се продлабочи соработката на државно и институционално ниво во полето на геологијата и рударството. Беше отворена и тема да се пристапи кон потпишување на меморандум за соработка помеѓу Геолошкиот завод на Чешка и Геолошкиот завод на РСМ. Со задоволство ја прифативме идејата и понатаму ќе се пристапи кон реализација на истата.