Асоцијација на Евроски Геолошки заводи...

По поканата од Генералниот секретаријат на “Асоцијацијата на Европски геолошки заводи“ (The Geological Survey of Europe “EuroGeoSurveys“- EGS) и Геолошкиот завод на Република Австрија, заедно со директорот на Геолошкиот завод на Република Македонија М-р Науаф Баара, како преставници на Геолошки завод на Република Македонија, учествував на “44-то Генерално собрание на Европски геолошки заводи и Работилница на директори" (“EuroGeoSurveys“The 44rd EuroGeoSurveys, General Meeting and Director’s Workshop“EuroGeoSurveys“) кое е одржано во Виена, Р. Австрија во период од 11.04.2018 година до 14.04.2018 година. За време на оваа службена работа, остваривме многубројни контакти со директорите и колегите геолози од европските геолошки заводи (Полска, Белгија, Малта, Кипар, Грција, Финска, Данска, Унгарија, Романија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора и др.) со кои разменувавме искуства и сознанија за геолошката наука, за геолошките истражување, за управување со минерални суровини и нивното искористување, како и за можностите за соработка со нашиот завод. . Со ова службено патување остварено е учество во работата на “44-то Генерално собрание на Европски геолошки заводи и Работилница на директори". Тоа е од многу голем значај како за Геолошкиот завод на република Македонија така и за државата, бидејќи настанот беше од интернационален карактер на кој учествуваа директори, национални делегати представници на геолошките заводи од преку 50 европски земји. Нашиот завод учествуваше како полноправна членка на “EuroGeoSurveys“. Донесени се многу значајни работни, статутарни и финансиски одлуки и разгледани се разни информации, извештаи, проекти, работни програми и други стратешки документи, кои се однесуваат на досегашно работењето на “EuroGeoSurveys“ и за наредните активности. За нашиот завод е најзначајно вклучување во проектот GeoERA. Исто така, од голем значај беа остварените контакти и средби со директорите и колегите геолози од повеќе европски геолошки заводи со кои разменувавме искуства и сознанија поврзани со геологијата, управувањето со минерални суровини и нивното искористување, како и за можностите за стручно техничка соработка со нашиот завод.