<%@ Page Language="C#" AutoEventWireup="true" CodeBehind="Istorijat.aspx.cs" Inherits="GeolWebSite.mk.Istorijat" MasterPageFile="~/GeolMaster.Master" %>

Историја на создавање на Геолошкиот завод на Република Македонија


     Геолошки завод – Скопје е основан веднаш по ослободувањето на Македонија, на 15.12.1944 година со решение на Президиумот на АСНОМ како Геолошки институт при Поверенството за народно стопанство на првата Влада на Република Македонија. Од тогаш датира и организираното делување на геолошката служба во Републиката.
Како „Завод за геолошки истражувања на Народна Република Македонија“ егзистира од донесувањето на Уредбата бр. 1948 од 05.07.1950 година со која се основа како установа на Советот за енергетика и екстрактивна индустрија, а раководена од Сојузната управа за геолошки истражувања, со седиште во Скопје.

    Со одлука на Советот за научна работа на Социјалистичка Република Македонија бр. 71 од 05.02.1962 година на Геолошкиот завод му е признато својство на научна установа.

    Заводот ја проширува својата дејност со припојувањето на претпријатието за дупчење и рударски истраги “Макпрофил“ извршено со одобрување на Извршниот совет на СРМ со решение бр. 09-578/2 од 25.03.1963 година.

  Како научна установа Заводот е повторно регистриран со решение бр. 10-1289/1 од 24.04.1970 година на Секретаријатот за образование, наука и култура на СРМ, а врз основа на неговата кадровска и техничка опременост Заводот при тоа е регистриран и за вршење на услуги во стопанството од доменот на своето работење.

    Врз основа на Уставните амандмани XXI и XXII, заводот е конституиран како единствена организација на здружен труд ОЗТ Геолошки завод – Скопје, без основни организации на здружен труд,. Ова конституирање е завршено на ден 25.12.1973 година со донесување на нов Статут на Заводот, како и со избирањето на нови самоуправни органи. На 25.01.1974 година е регистриран во судскиот регистар на Окружниот стопански суд – Скопје под бр. 2037/73. Заводот е организиран во четири ЕЗТ и тоа: I. ЕЗТ Геолошка дејност со 4 одделенија, II. ЕЗТ Дупчачка дејност, III. ЕЗТ Консолидациона дејност и IV. ЕЗТ Рударска дејност.

    Покасно во декември 1989 година Геолошкиот завод е трансформиран во четири основни организации на здружен труд односно општествени претпријатиа и тоа: ОП за истражување на минерални суровини „Геоинститут“, ОП за геолошки, хидрогеолошки, инженерскогеолошки и геомеханички истражувања „Геохидропроект“, „Макпрофил“ и „Рудомак“. Со тоа всушност престанал да постои Геолошки завод.

    Зa подобрување на сосотојбата во геологијата и одржив развој на геолошките истражувања во 2012 година се формира Геолошкиот завод на Република Северна Македонија со Указот за прогласување на Законот зa Геолошкиот завод на Република Северна Македонија од претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија (број 07 - 4530/1 од 31октомври 2012 година) што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 31 октомври 2012 година.

    Новоформираниот Геолошки завод на Република Северна Македонија отпочна со работа на 1.1.2013 година, а има статус на стручна, самостојна, управна организација, со својство на правно лице, основан заради вршење на основните геолошки истражувања од јавен интерес на Република Северна Македонија.