Skip Navigation Links
ПОЧЕТНА
ЗА НАСExpand ЗА НАС
РЕГУЛАТИВАExpand РЕГУЛАТИВА
ЈАВНИ КОНКУРСИExpand ЈАВНИ КОНКУРСИ
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТExpand ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
СОРАБОТКАExpand СОРАБОТКА
КОНТАКТ
Skip Navigation Links.

Упатства за постапување за време на изборен процес

Почитувани,

Владата наРепублика Северна Македонија донесе Упатство за начинот на постапувањето на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации за време на избориот процес и Упатство за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес. Подолу може да ги погледнете наведените упатства.

Упатство за начинот на постапувањето на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации за време на избориот процес

Упатство за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес

Учеството на III меѓународен-стручен собир „Геологије Републике Српске и региона

Во Банја Лука на 16 јуни во Владата на Република Српска се одржа Третиот меѓународен научно-стручен собир на тема „Геологија Републике Српске и региона“, на кој со презентација на тема Геолошки завод наРепублика Северна Македонија – меѓународна соработка имаше директорот др Костадин Јованов. Од Геолошки завод наРепублика Северна Македонија на семинарот учествуваат др Костадин Јованов, директор и мр Емил Петрушев, советник.

Banja_1

Banja_2

Вo рамките на семинарот се потпишаа меморандуми за соработка помеѓу Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија со Геолошките заводи на Република Српска, Република Србија и Федерацијата на Босна и Херцеговина.

Banja_3

Banja_4

Banja_5

Banja_6

На семинарот беше промовирано и списанието Геолошкот гласник 35– нова серија 4 во издание на Геолошкиот завод на Република Српска

Учество на 40то Генерално собрание на EuroGeoSurveys

Во рамките на редовните годишни собранија на директорите на националните геолошки заводи во рамките на Асоцијацијата на Европски геолошки заводи, од 14ти до 16ти Март 2016 година, директорот м-р Костадин Јованов и соработникот Дејан Павлов, учествуваа на 40то Генерално собрание, организирано во Брисел, Белгија. На 40то Генерално собрание, присуствуваа претставници од 33 земји членки на Асоцијацијата на Европски геолошки заводи, и е направен преглед на активностите помеѓу двете генерални собранија. Притоа беа презентирани начинот на управување во организацијата, проектите во кои е вклучена Асоцијацијата, надворешната политика и агендата за Европската комисија, извештај за комуникациската стратегија во последните пет години и се промовираше најновата публикација за 2015 година, книгата “Wonder water – the value of water”. Исто така беше организирана работилница за директорите на тема “Научни приоритети за современ (модерен) геолошки завод” на која дел од директорите на националните геолошки заводи, претставници од Европската комисија, претставници од разни асоцијации кои успешно реализирале одредени проекти подржани од Европската комисија, дискутираа за можностите и подигнувањето на развојот на геолошките заводи со работа на научни проекти.

Учеството на национална работилница за НИПП наРепублика Северна Македонија во склоп на проектот ИМПУЛС

Во деновите 23 и 24 Февруари 2016 година во М6 едукативниот центар се одржа национална програмска работлница за проектот ИМПУЛС преку кој проект е развиен и НИПП порталот наРепублика Северна Македонија, а на која учествуваа и претставници од Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија. Работилницата ја организираше Агенцијата за катастар на недвижности наРепублика Северна Македонија, а истата се состоеше од 4 сесии. Гости предавачи на работилницата беа и експерти од Шведска: Леннарт Јохансон, Кристина Вастром и Андерс Остман, а кои не запознаа со целите на ИМПУЛС проектот, ИНСПИРЕ директивата, вовед во Шведското искуство со воведување на НИПП во нивната земја како и искуство од соработката помеѓу нордиските земји за ИПП. Презентација на своите портали како и начинот на нивно функционирање имаа и претставници од Центарот за управување со кризи воРепублика Северна Македонија и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исто така во рамки на сесиите беа презентирани ИНСПИРЕ принципите во однос на техничките аспекти т.е. хармонизација и дисеминација помеѓу услугите, како и беа презентирани и ЛИНКВИТ курсеви за сите засегнати страни и учесници во ИМПУЛС проектот. Покрај овие бевме запознаени и со ХАЛЕ софтверот кој се користи за хармонизација и усогласување на податоците согласно ИНСПИРЕ директивата. Еден сет на податоци (административни единици), хармонизација на сетовите на податоци, метаподатоците и услугите беа презентирани од страна на АКН. На техничко ниво беа организирани презентации со директна примена на ХАЛЕ софтверот на еден тип на податоци за нивна хармонизација како и процесот на креирање на метаподатоци.

Учеството на почетниот состанок и отворањето на проектот GEO-CRADLE

Проектот GEO-CRADLE започна на 1ви Февруари 2016 година, а официјалното отварање се одржа на 18÷19ти Февруари во Атина, организирано од страна на координаторот на проектот Националната опсерваторија на Атина. Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија, преку свој претставник, заедно со претставници од останатите геолошки заводи, членки на Асоцијацијата на Европски геолошки заводи, ќе учествува во Работниот пакет 2: Преглед на капацитетите и потребите на корисниците. Во рамките на презентациите Дејан Павлов од Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија, ги запозна присутните за надлежностите на Геолошкиот завод, надлежни закони и надлежни органи за геолошки истражувања воРепублика Северна Македонија, моменталните активности и постоечки податоци во заводот, процесот на подготовка на единствениот геолошки информациски систем, неговите крајни корисници и идните планови и активности.

Учеството на 36ти Форум на национални делегати на Асоцијацијата на Европски геолошки заводи (EGS)

Од 15ти до 17ти Февруари 2016 година, м-р Костадин Јованов и Дејан Павлов, учествуваа на 36тиот Форум на национални делегати организиран во Брисел, Белгија, а кој е дел од редовните годишни состаноци на националните делегати на Асоцијацијата на Европски геолошки заводи. На Форумот, беше организирана работилница за проектот ERA-NET за применета геонаука, на која беа презентирани најновите информации во врска со проектот, кој опфаќа учество на националните геолошки заводи на заеднички проекти во четири области: гео-енергија, подземни води, цврсти суровини и информациска платформа. Исто така на вториот дел од Форумот беа презентирани годишните извештаи на Експертските групи, кои се составен дел на Асоцијацијата на Европски геолошки заводи, а на крај од истиот претседателот и генералниот секретар на Асоцијацијата ги информираа националните делегати за изминатите активности во 2015 година, проектите во кои EGS учествува, финансиската рамка на EGS, состојбата на сметките, стратегијата како и за подготовките за 40то Генерално собрание, комуникациските активности и слично.

3 години од постоењето на Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија

       На ден 30.10.2015 година во просториите на Геолошки Завод наРепублика Северна Македонија се одржа настан по повод 3 годишнината од постоењето на Геолошкиот Завод. По тој повод свој говор имаше директорот на Геолошки завод г-дин м-р Костадин Јованов кој ги презентираше сите активности, успеси и идни планови на Геолошкиот Завод наРепублика Северна Македонија. На свеченоста присутвуваа еминентни професори од областа на геологијата, соработници и претставници од државни институции, претставници на медиумите воРепублика Северна Македонија како и претставници на бизнис секторот воРепублика Северна Македонија чии дејности се поврзани со геологијата. Свој збор за време на презентацијата земаа и професор д-р Никола Домурџанов, како и господинот Душко Ѓорѓиев.

 

 

 

 

 

 

 

Во прилог интервју на Директорот на Геолошки завод г-дин м-р Костадин Јованов дадено за Македонската национална телевизија МРТВ.

Интервју со директорот на Геолошки завод г-дин м-р Костадин Јованов

Учество на I-Конгрес на геолозите на Босна и Херцеговина

       Во периодот 21 - 23.10.2015 година во Тузла, Босна и Херцеговина е одржан I-Конгрес на геолозите на Босна и Херцеговина со мегународен катактер. На истиот беа презентирани голем број на научни трудови од областа на палеонтологија, седиментологија, геохемија, геофизика, лежишта на минерални суровини, хидрогеологија и.т.н. Во работата на конгресот учество зедоа и геолошки инжинери од Геолошки завод наРепублика Северна Македонија, а на кој од страна на Александар Ананиев. Беше презентиран научниот труд со наслов „Логички модел на картирање и обележување на литолошки единици на ОГК наРепублика Северна Македонија“.

Учество на конференција на Microsoft за нови ИT вештини

       Во Crowne Plaza хотелот во Белград, Република Србија во период од 21.10.2015(Среда) до 23.10.2015 (Петок) се одржа конверенција за нови ИТ технологии организирана од Microsoft. На конференцијата од страна на предавачи на Microsoft беа презентирани новите технологии кои ги развива Microsoft како и новите софтверски продукти и решенија кои моментално се нудат на крајните потрошувачи. Како претставници од Геолошки Завод наРепублика Северна Македонија на оваа конференција учествуваа двајца ИТ инженери.

Учество на 39то Генерално собрание на EuroGeoSurveys и заедничката работилница на директори, помеѓу асоцијацијата на Европски геолошки заводи и Ibero Асоцијацијата за геолошки и рударски услуги.

       Во рамките на редовните годишни состаноци на Асоцијацијата на Европски геолошки заводи, директорот на Геолошкиот завод, Костадин Јованов, во периодот од 19 до 22 Октомви, 2015 година, присуствување и учествување во работата на 39то Генерално собрание на EuroGeoSurveys, организирано во Мадрид, од страна на Институтот за геологија и рударство на Шпанија (Instituto Geológico y Minero de España). На Генералното собрание беше дискутирано за стратегијата на Асоцијацијата, проектите кои се во тек, проектите кои е предвидено да се реализираат во иднина, направена е ревизија на финансиската состојба на Асоцијацијата и усвоен буџетот за наредната година, назначен новиот потпретседател на Асоцијацијата и назначени новите членови во Изборниот комитет.

       Исто така, за време на Генералното собрание беше организирана дводневна заедничка работилница на директори, помеѓу асоцијацијата на Европски геолошки заводи (EuroGeoSurveys-EGS) и Ibero Асоцијацијата за геолошки и рударски услуги (La Asociación de Servicios de Geología y Minería Iberoamericanos - ASGMI) на која беа презентирани можностите за взаемна соработка помеѓу овие две асоцијации. На крајот на работилницата беше потпишан Меморандум за разбирање и соработка помеѓу овие две Асоцијации.

УЧЕСТВОТО НА 5-ИОТ ХРВАТСКИ ГЕОЛОШКИ КОНГРЕС

По повод оддржувањето на 5-иот Хрватски Геолошки Конгрес од 23-25 септември 2015 година, во Осијек, Хрватска, Геолошки Завод наРепублика Северна Македонија со свои претставници зеде активно учество. На истиот свое обраќање имаше директорот на Геолошки Завод наРепублика Северна Македонија м-р Костадин Јованов, кој ги запозна присутните за работата и активностите на Геолошки Завод наРепублика Северна Македонија и ги покани истите да земат активно учество на престојниот Геолошки Конгрес во Република Северна Македонија, кој ќе се одржи наредната есен во Охрид. Како дел од пријавените учесници, презентација на тема “Геологија на квартер во Република Македонија“ имаше Ивица Андов дипл. инж. геолог од Геолошкиот Завод на Република Македонија.

 

УЧЕСТВО НА СЕМИНАР ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО СЕПТЕМВРИ 2015 ГОДИНА

Претставници од одделението за финансиски и правни прашања и општи работи од Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија учествуваа на семинар од областа на јавните набавки во Банско-Р. Бугарија. Предавањата на семинарот беа одржани од експерти од Советот за јавни набавки наРепублика Северна Македонија, Државната комисија за жалби по јавни набавки наРепублика Северна Македонија и од Бирото за јавни набавки. На истите беа анализирани сите потребни активности околу изготвување на барањата за добивање согласност пред Советот , како и искуства од договорните органи. Посебен осврт се стави на анализата на сите правни основи предвидени со Законот за јавни набавки кои се предмет на согласност до Советот за јавни набавки, активности кои предходат на постапката за доделување на договор за јавна набавка, и правната заштита во постапката за доделување на договори за јавна набавка.

УЧЕСТВО НА ФОРУМОТ НА НАЦИОНАЛНИ ДЕЛЕГАТИ ВО УПСАЛА, ШВЕДСКА

    Во рамките на редовните годишни состаноци на националните делегати на Асоцијацијата на Европски геолошки заводи, националниот делегат одРепублика Северна Македонија, м-р Костадин Јованов, заедно со соработникот Дејан Павлов, учествуваа на Форумот на национални делегати организиран од Геолошкиот завод на Шведска (SGU) од 7 - 9 Септември 2015 година, во Упсала, Шведска.

    На состаноците покрај презентирањето на активностите и планот на активности на асоцијацијата за наредната година се расправаше и за најновите информации во врска со проектот ERA-NET за применета геонаука, кој опфаќа учество на националните геолошки заводи на заеднички проекти во областите на гео-енергија, подземни води, цврсти суровини и информатички системи.



Гостување на директорот на Геолошки Завод наРепублика Северна Македонија во емисијата
"ПРОФИТ" на НАША ТВ

Директорот на Геолошки Завод наРепублика Северна Македонија м-р Костадин Јованов беше гостин во емисијата ПРОФИТ на НАША ТВ каде зборуваше на тема : Геотермални извори и геотермални води воРепублика Северна Македонија.
На следниов линк можете да го погледнете целото интервју

 Емисија ПРОФИТ на тема геотермални извори и геотермални води


Геолошки завод наРепублика Северна Македонија оствари работна средба во Солун со Институтот за геологија и минерални истражувања на Грција

 Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија на покана на Институтот за геологија и минерални истражувања на Грција (Institute of Geology and Mineral Exploration - IGME) на 22 и 23 јуни 2015 година присуствуваше на втората Европска конференција за терторијална соработка во Солун. На конференцијата покрај другото беше презентирана и дел од Програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Грција иРепублика Северна Македонија за период 2014-2020, а која во висина од 85 % треба да се финансирана од Европската Комисија. Програмата опфаќа четири области за изработка на проекти за меѓугранична соработка помеѓу партнери (институции) од двете држави. Директорот и претставниците од Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија одржаа работен состанок со претставници од Institute of Geology and Mineral Exploration – IGME, а на кој беше истакнат интересот на двете страни за усогласување на геологијата во пограничниот регион помеѓуРепублика Северна Македонија и Република Грција. Во рамките на усогласувањето на пограничната геологија помеѓу двете држави од страна на Institute of Geology and Mineral Exploration – IGME беше искажана спремност истите да дојдат во Скопје и заеднички да се работи на изготвувањето на проектот за усогласувањето на пограничната геологија. Исто така е разгледана можноста за заедничко аплицирање во меѓународни геолошки проекти и проекти од програмата за меѓугранична соработка за период 2014-2020 година.

   


  
Работна посета на Геолошкиот завод на Република Словенија

 На покана на Геолошкиот завод на Република Словенија, директорот и претставници од Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија на 11-12 јуни 2015 година во Љубљана, присуствуваа на неформална работна средба, а на која учествуваа директорите на геолошките заводи од: Република Словенија, Република Хрватска, Федерација Босна и Херцеговина, Република Српска, Република Србија, иРепублика Северна Македонија. На работната средба беа презентирани потенцијалите на геолошките заводи, а со цел воспоставување на меѓусебна соработка за заеднички настапи за реализирање на регионални и меѓународни проекти, проекти финансирани од Европската комисија или други фондови. Заклучено беше да се изготви меморандум за разбирање и соработка помеѓу геолошките заводи со цел стварање на јак и конкурентен стручен тим.

   


Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија беше домаќин на делегација на EuroGeoSurveys (EGS)

 Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија на 28 мај 2015 година беше домаќин на челните луѓе на EuroGeoSurveys (EGS), генералниот секретар г-н Лука Демичели и потпретседателот г-н Јосип Халамиќ. При посетата гостите се запознаа со основањето, работата, надлежностите, раководењето и финансирањето, како и со cтруктурата и внатрешната организација на Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија. Од страна на гостите беше истакната улогата на EuroGeoSurveys (EGS) во европски и пошироки размери, обврските на Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија како полноправен член и можностите за соработка помеѓу земјите членки на EuroGeoSurveys (EGS).
     


Геолошки завод наРепублика Северна Македонија во работна посета во Геолошкиот завод на Република Србија
На 12 мај во Белград директорот со стручни лица од Геолошки завод наРепублика Северна Македонија оствари работна средба со Геолошкиот завод на Србија, а на која беа разгледани следните прашања:
- Потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Геолошки завод на Србија и Геолошки завод наРепублика Северна Македонија за научно-техничка соработка во областа на геонауки.
- Преземање на податоци и геолошка документација за Основни геолошки истражувања од Архивот на Геолошкиот завод на Република Србија која се однесува на територија наРепублика Северна Македонија.
  - Унифицирање на методологијата и упатствата за изработка на геолошка документација за Основни геолошки истражувања (ОГК, ОХГК, ОИГК, геохемиски карти, геофизички карти и др.).
-   Усогласување на геологијата во пограничен појас наРепублика Северна Македонија со Република Србија зa ОГК, ОХГК, ОИГК, гравиметриска карта, геомагнетна карта, структурна карта на површина на Мохо дисконтинуитет и други карти.
-      Вклопување (усогласување) на Основните геолошки карти наРепублика Северна Македонија и Република Србија во европски и светски геолошки карти со покрупни размери (1:1.000.000, 1:2.000.000 и др.), во рамките на меѓународни геолошки информациски системи (“One Geology” и други).

 Разгледување на можност за заедничко аплицирање во меѓународни проекти:

 -Размена на научно-технички информации и искуства и размена на студиски посети и научници во делот на основните геолошки истражувања.


Интервју на директорот на Геолошки завод на Република Македонија м-р. Костадин Јованов за Македонско Радио на 24.04.2015

 Интервју за Македонско Радио

Претставници од Геолошки завод наРепублика Северна Македонија во Женева учествуваа на 6-тата сесија на Експертска група за класификација на фосилна енергија и минерални резерви и ресурси според ОН, како и инкорпорирање на истата за нивна соодветна примена.

 Предавачи на сесијата беа експерти од Обидинетите Нации, Специјализирани Агенции, Претставници на Интернационалната агенција за атомска енергија (IAEA), Европската економска комисија преку генералниот директорат (DG). Генералниот директорат на Еуростат, Американската асоцијација на нафетни геолози (AAPG), Претставници од комитетот за минерални суровини и меѓународниот систем (CRIRSCO), Европската федерација на геолозите (EFG), EuroGeoSurveys, Паневропскиот комитет за ресурси и резерви (PERC), Кинескиот центар за минерални ресурси и резерви од минстерството за земја и ресурси, Државната комисија за минерални резерви на Руската Федерација, Норвешкиот нафтен директорат, Британскиот геолошки завод, како и експерти од 42 познати светски приватни компании од типот на Shell, Total, OMV, Ernst & Young, 6 претставници од академии и универзитети и многу други со презентации, а кои веќе направиле прилагодување помеѓу нивните државни класификации и класификацијата на Обединетите Нации (UNFC-2009). Во рамките на нашето учество направени се повеќе средби меѓу кои и со председавачот на сесијата г-динот David MacDonald Chair, EGRC, а кој изрази задоволство за нашето учество и готовност да помогнат во текот на изработката и имплементирањето на класификацијата на минералните резерви и ресурси на UNFC-2009 кај нас воРепублика Северна Македонија. Исто така изрази спремност кога ќе треба нивни експерти да вршат обука на наши стручни кадри кои би работеле на имплементација на класификацијата за минерални ресурси и кај нас.


 
Геолошки завод наРепублика Северна Македонија стана полноправен член на Европски геолошки заводи (EuroGeoSurveys-EGS)

 Геолошкиот завод на Република Макединија на 24 и 25-ти март 2015година на покана на Асоцијацијата на Европските геолошки заводи (EuroGeoSurveys-EGS), присуствуваше на 38-то Генерално собрание EuroGeoSurveys-EGS кое се одржа во Брисел. На седницата на 24 март 2015 година членките на EuroGeoSurveys (EGS) едногласно ја усвоија апликацијата на Геолошкиот завод наРепублика Северна Македонија за полноправен член на EuroGeoSurveys.
 
 

 
 
Увид на теренот на појавата на подземна вода со зголемена температура во сeлo Черкези општина Кумановско

 На 24.02.2015 Геолошки Завод наРепублика Северна Македонија изврши увид на теренот на појавата на подземна вода со зголемена температура во с.Черкези Кумановско во бунарот на Стојан Давитков, каде одпорано била измерена температура на вода од 87 oC. Констатирано е дека појавата е рачно копан (ѕидан) бунар во дворот на семејната куќа во сопственост на Стојан Давитков во село Черкези општина Куманово. Бунарот е длабок 10m, обложен со бетонски прстен со дијаметар 1m со висина од 0,6 m над површина на теренот а подолу се до дното е обложен со камења. Статичкото ниво на водата во бунарот е измерено на длабочина од 2,2m сметајќи од врвот на бетонскиот прстен, односно 1,6m од површината на теренот. Температурата на водата во бунарот е мерена со три различни термометри и тоа на три нивоа. На нивото на подземната вода е измерена температура од 61 oC, на длабочина од 4,5m е измерена температура од 21 oC а на дното на бунарот 20 oC. Теренот на оваа локација е изграден од седиментите со горно плиоценската старост кои се изградени од песокливо-глиновит материјал. Овие кластично неврзани седиментни карпи се карактеризират со интергрануларен тип на порозност. Оваа ретка појава на подземна вода со зголемена температура е регистрирана и евидентирана а за точно утврдување на причина на појава потребно е да се извршат детални хидрогеолошки и геофизички истражувања, а пред се да се изврши црпење на водата од бунарот и оскултација на количината и температурата на водата во бунарот и во околните водни објекти.
 
 

 
 
КОРИСНИ ЛИНКОВИ
Kontakt_lica_geol
Корона вирус
Влада на Република Македонија
Министерство за економија на Република Македонија
Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија
Министерство за финансии на Република Македонија
Министерство за инфоирматичко општество и администрација на Република Македонија
katastarMK
Министерство за образование и наука на Република Македонија
Министерство за надворешни работи на Република Македонија
Полиса за приватност
©